Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција не откри дали и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција не откри дали и во кој ресор ќе ја продолжи својата политичка кариера, имајќи ги предвид најавените смени во Владата и промена на ресорите помеѓу владините коалициски партнери. 

Алиу одговарајќи на новинарско прашање изјави дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во општеството.

– Јас не сум ја почнал мојата кариера со политичка функција и не верувам дека ќе ја завршам мојата кариера со политичка функција бидејќи тоа не е здраво прво за мене, а второ за политичката инфраструктура во земјата да имате човек којшто со години ќе биде на политичка функција. Тоа не е здраво – рече Алиу.

Реклама

За него се поважни резултатите што некој со својата работа ќе ги остави, како оние што биле постигнати додека тој беше на чело на МИОА. 

Алиу рече дека секој ден работи како да му е последен ден на работа, а дали ќе остане министер, според него, треба да одговорат институциите. 

– Ова е институционално прашање. Не е лично прашање, бидејќи јас не аплицирав, немаше конкурс за да аплицирам да станам министер, туку ова е политичка функција затоа институциите треба да одговорат кој ќе биде на чело на едно министерство или во овој случај на Министерство за здравство – рече Алиу. 

Министерот рече дека ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните без оглед дали во иднина ќе биде министер, професор или експерт.

– Дали мојот придонес ќе биде како министер, како експерт или како професор – не знам. Но, имам обврска кон луѓето кои веруваат во мене дека нема да застанам тука, без разлика дали сум или не сум министер за здравство – изјави Алиу додавајќи дека сега во политиката е да промени нешто во општеството.

На прес-конференција Алиу ги презентираше придобивките од програмата EU4health, и најави кампања за да можат институциите, компаниите и сите заинтересирани да се запознаат со неа. Додека беше министер за дигитална трансформација Алиу станавме дел од Европската програма за дигитализација.