Заврши амандманската расправа за Предлог-законот за игри на среќа. Комисијата за финансирање и буџет разгледа 51 амандман. Дел од нив беа прифатени од мнозинството членови и ќе бидат имплементирани во новото законско решение. Дали се потребни измените во Законот за игри на среќа и колкав ефект ќе имаат врз намалување на зависноста од коцкање, одговор бараме од професорката на Клиниката за психијатрија, д-р Славица Арсова. Со неа разговара Виолета Периќ.