Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Министерството за здравство ќе организира информативен караван за да им објасни на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство ќе организира информативен караван за да им објасни на јавните здравствени установи, здравствените институции, компаниите, стартапите и сите заинтересирани како да аплицираат за средствата што се обезбедени со потпишувањето на договорот за учество на Македонија во програмата EU4Health. Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека за околу три недели треба да бидат објавени повиците за аплицирање. 

– ​Станува збор за најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството, а нашето пристапување претставува силна потврда за европската перспектива на нашата земја и за доверата во реформите што ги спроведуваме во здравствениот систем. ​Ова е договор кој отвора нови можности за унапредување на нашиот здравствен систем, за јакнење на институционалните капацитети на нашиот здравствен систем, развој на дигиталното здравство, подобра подготвеност на здравствените институции, на здравството за здравствени кризи и пристап до современи европски практики и знаења – рече денеска на прес-конференција Алиу. 

​EU4Health е програма со оперативен буџет од 4,4 милијарди евра. Со пристапувањето на нашата држава добиваме можност за учество во повици, во грантови, јавни набавки, заеднички акции и европски партнерства со другите јавно-здравствени системи.

Реклама

– ​Договорот предвидува ослободување од ДДВ, од царини и други фискални давачки за добра и услуги финансирани преку оваа програма. Ова е важно затоа што европските средства треба во најголема можна мера да завршат во јавни институции, а да не се губат низ административни и фискални трошоци во државата – рече Алиу. 

​Преку EU4Health нашите здравствени институции и професионалци ќе имаат можност активно да се поврзат со европските мрежи на здравствени системи, да учествуваат во заеднички проекти, да користат алатки и искуства кои веќе даваат резултати во земји – членки на Европската Унија.

​Според Алиу, најголемата вредност на EU4Health програмата не е само во парите, туку во стандардите, во знаењето, европските мрежи и можноста нашето здравство да учествува во заеднички европски здравствени процеси. За граѓаните, вели тој, тоа значи поквалитетно здравство, добивање на поквалитетна здравствена услуга, поотпорен здравствен систем и дополнителна сигурност дека здравствените политики што ги развиваме во нашата држава се усогласени со највисоките европски стандарди.

​Преку оваа програма се отвора можност за проекти во дигитално здравство, European Health Data Space, превенции, скрининг, онкологија, кардиоваскуларно здравје, ментално здравје, подготвеност за кризи, пристап до лекови, медицински производи и јакнење на здравствениот кадар во нашата држава.

– ​Вистинскиот успех нема да биде само во пристапувањето кон оваа програма, туку во тоа колку брзо и колку квалитетно ќе ја претвориме оваа европска можност во конкретни проекти за нашето здравство. ​Како Министерство, ние сме подготвени и од наредната недела веднаш започнуваме со следната фаза на активно презентирање на програмата, мапирање на потенцијални корисници и подготовка на институциите за учество во повиците на EU4Health – рече Алиу. 

Целта е оваа можност да се доближи до универзитетите, до медицинските факултети, до клиниките, до болниците, институтите, професионалните здруженија во нашата држава, пациентските организации и сите релевантни чинители во нашиот здравствен систем.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата тој информираше дека извештајот за операциите на срце е завршен и треба да помине на затворена седница на Влада. 

Алиу информираше за измените што се поврзани со законот за органодарителство којшто денеска е на собраниска седница и се носи по скратена постапка. Новините се дека пациентите преку матичните лекари сами ќе се изјаснат дали ќе сакаат да даруваат органи, а исто така за тоа дозвола ќе може да дадат и родини до четврто колено. 

Шесте операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе започнат со работа на почетокот на јули. Алиу рече дека на изведувачот му е даден рок до 29 односно 30 јуни да ги заврши сите работи, по што ќе следува процес на чистење и замње брисеви, три пати последователно. Потоа, објасни Алиу, во нив веќе ќе може да се оперираат пациентите. Откако ќе се почне со работа во овие сали, ќе стартува реконтрукција на уште четири други.