Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

🛣️ Коридорот 8 се гради со забрзано темпо

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ „Еден по еден, проблемите можат да се решат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на коалицијата ВРЕДИ

„Еден по еден, проблемите можат да се решат, треба да се решат и ќе се решат! Тоа е ангажманот на ВЛЕН, а овој ангажман доби конкретна форма со пуштањето во употреба на дел од автопатот Кичево–Охрид, како дел од Коридорот 8, еден од најстратешките проекти за развој на државата.

Овој капитален проект, кој со години стагнираше и стана симбол на институционална неспособност и сомнежи за злоупотреби, денес конечно се движи напред – со ново темпо, без сомнежи, без застои и со целосна транспарентност, затоа што сега ВЛЕН е на власт.

Реклама

Коридорот 8 не е само автопат. Тој е столб на економскиот развој, регионалното поврзување и европската интеграција на Република Северна Македонија. Тој директно ќе придонесе за зголемување на протокот на луѓе и стоки, олеснување на транспортот и поттикнување на туризмот и трговијата.

Со овој нов автопатски сегмент, кој значително го скратува времето на патување до границата со Република Албанија, инвестицијата се претвора во конкретна придобивка за граѓаните. А ова е само почетокот.

Зашто нашите граѓани, сите ние, заслужуваме, и ќе имаме, европска инфраструктура, тука, во нашата земја.

ВЛЕН останува цврсто посветен на унапредување на секој важен проект, обезбедувајќи ефикасност, одговорност и правична распределба на развојот – за сите граѓани, во секој дел од државата.“