Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

📸 Дејвид Лами: Лондон ја јакне соработката со Скопје за зголемени инвестиции, справување со миграцијата и за заедничката безбедност

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново стратешко парнерство, објави на платформата Х секретарот за надворешни работи на Обединетото Кралство Дејвид Лами по повод потпишувањето на Декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји.

– Преку ново стратешко партнерство, ја зајакнуваме соработката со Македонија за зголемување на инвестициските можности, справување со нерегуларната миграција и зајакнување на заедничката безбедност. Драго ми е што се видов со Тимчо Муцунски – со нетрпение очекувам повторно да го угостам на Берлинскиот процес, пишува Лами.

Декларација за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска вчера во Форин офисот во Лондон ја потпишаа шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами.

Реклама

Муцунски на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се зајакнуваат билатералните односи со Обединетото Кралство.

– Средба од историско значење, која отвора ново поглавје во билатералните односи помеѓу двете земји, во чии рамки ја потпишавме Декларацијата за стратешко партнерство. Овој документ ќе ги зајакне и унапреди стратешките односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната, особено во рамките на НАТО. Разговаравме и за неодамнешниот договор „влада со влада“, кој ќе ја зголеми трговијата, ќе го поттикне економскиот раст и ќе овозможи реализација на низа инфраструктурни проекти. Разговаравме и за нашето сојузништво во рамките на НАТО, како и за соработката во мултилатералните организации, наведува Муцунски во објавата на Фејсбук.