Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

🎥 Во функција четвртата целосно сервисирана локомотива

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железници Транспорт АД Скопје денеска во функција ја пушти 4 -тата локомотива која е целосно сервисирана, а која поради неодржување од претходното раководство на компанијата беше надвор од експлоатација од 2023 година. Се работи за една од четирите локомотиви кои се набавија во 2018 година, а кои поради неконтинуираното сервисирање беа надвор од употреба повеќе од две години.

Од Железници истакнуваат дека во овој момент на располагање се вкупно 13 возови и локомотиви со кои значително се задоволуваат потребите на меѓународниот и внатрешниот железнички сообраќај.

Со враќање во функција на оваа локомотива целосно се покриваат потребите за железничкиот товарен сообраќај, што не беше случај пред една година кога немаше ниту една функционална локомотива за карго транспорт.

Реклама

Видеото може да го видите на следниот линк:

Инвестициите во Железницата се примарен фокус на оваа Влада и потврда на ова се проектите за изградба и модернизација на железничкиот коридор 8, како и проектот за изградба на брза пруга на коридор 8.

Оваа година се заврши и се пушти во употреба пругата од Куманово до Бељаковце, на истата релација се пушти во сообраќај еден воз, што само ја потрдува решителоста на Владата за развој и модернизација на овој сектор.