Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

🎥 Трајановски: Македонија се наоѓа во инфраструктурна експанзија, направивме патишта во должина од 100 километри

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт работи и ние оставаме дела зад себе, рече Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта на вечерашната трибина насловена како Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Трајановски информираше за тоа каква состојба затекнал во претпријатието и што се е направено за овој краток период од една година Влада.

„Кога дојдов за директор верувајте дека сите делници беа замрени, не се работеше механизацијата или ја немаше или пак не работеше. Успеавме да направиме патишта, експресни и автопати во должина од 100 километри“, кажа Трајановски.

Реклама

Директорот информираше за реализираните патни правци во овој период.

„Од Страцин до Крива Паланка, од Градско до Дренево од Дреново до Фариш, го пуштивме и патот од Врбјани до Ботун кој по 11 години беше пуштен. Тоа е одлика на наше домаќинско и одговорно работење. Ние поставуваме нови стандарди за работење во сите институции“, вели Трајановски.

Трајановски додаде дека тука не се сопира и оти се работи на уште многу други патни правци.

„Работиме на еден од најважните правци Кичево – Охрид, интензивно работиме за по 13 години или се надевам следната година да го пуштиме и тој патен правец“, изјави Трајановски.

Според Трајановски Македонија се наоѓа во една експанзија на патна инфраструктура.

“Веќе го објавивме тендерот за Скопје – Блаце за оние фамозни 10 километри. Тие почнаа од Блаце кон Скопје и направија само два километри кои завршуваат во еден дол“, информираше Трајановски.