Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

🎥 Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на промоцијата на новоформираната специјализирана Единица за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи.

– Во време на брза дигитализација и се поопасни и пософистицирани сајбер закани, Министерството за внатрешни работи презема стратешки и решителен чекор, за првпат во своето постоење, формира специјализирана Единица за сајбер безбедност. Оваа единица ќе биде клучен столб во одбраната на дигиталниот суверенитет на МВР како институција која управува со најголемиот и најсензитивниот обем на лични податоци на граѓаните на државата. Безбедноста на овие системи е прашање не само на институционален капацитет, туку и на државна стабилност и доверба на граѓаните. Сите активности на новоформираната единица се насочени кон унапредување на безбедноста и отпорноста на внатрешната ИТ-инфраструктура на самото Министерство, со фокус исклучиво на заштита на неговите информациски системи. За првпат, Министерството набави современа техничка и софтверска опрема за проактивно следење, детекција и превенција на сајбер напади, со што поставува темели на системска и долгорочна заштита., потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски информираше дека новата Единица за сајбер безбедност ќe биде одговорна за сеопфатна заштита и мониторинг на информациските системи на МВР, ќе врши постојана анализа и навремено детектираее на сајбер закани, ќе врши инсталација, одржување и менаџмент на безбедноста на ИТ инфраструктурата на министерството.

Реклама

Со оваа иницијатива, МВР поставува нов стандард во сајбер одбраната кој подразбира модерен, одржлив и цврст безбедносен штит кој одговара на предизвиците на денешницата и обезбедува доверба кај јавноста дека податоците на граѓаните се под највисока заштита.

Исто така денеска министерот Тошковски заедно со деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), проф. д-р Боро Јакимовски, потпишаа меморандум за соработка помеѓу Министерството и Факултетот. Целта е размена на знаења, искуства и едукација, како и унапредување и доусовршување на кадарот во областите каде што двете институции имаат заеднички интереси. Ваквата соработка претставува уште еден чекор кон јакнење на техничките и човечките капацитети на МВР и поддршка на дигиталната трансформација на институцијата, со крајна цел – подобри и побрзи услуги за граѓаните.