Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

🎥 Пензионерите задоволни од најавите за линеарно зголемување на пензиите

Најавата за ново линеарно, наместо процентуално зголемување на пензиите ги охрабри пензионерите. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата за ново линеарно, наместо процентуално зголемување на пензиите ги охрабри пензионерите.  Иницијативните одбори кои во изминатиот период протестирајќи по улиците бараа зголемување, сега упатија јавна благодарност до Владата. Велат, сумата од 2000денари воопшто не е за потценување и со ова граѓаните, од третата доба конечно ќе можат да живеат достоинствено.  

„Ако гледате математички, може слободно да кажам…претходни ни дадоа 5000денари и сега уште 2000. Кога сетоа тоа ќе го ставите во еден простор од година и нешто ….јас имам над 70години и не сум видел некоја Влада за година дена да качи 6.000денари. Пензионерите нека го сватат ова, бидејќи сумата не е за потценување„ изјави Трајче, претставник на Собрание на иницијативни одбори.

Пензионерите порачаа дека Владата, треба да размислува и во насока да им се обезбедат и други бенефиции, како на пример дисконт картички со кои и најсиромашните пензионери ќе можат да си купат леб и лекови.  

Реклама

„Едноставно борбата е за пензионерите со мали примања да осетат малку благодет. Ние знаеме дека сме сиромашна држава, но достоинствено и оние најсиромашните пензионери да можат корка леб да јадат „истакна член на Иницијативниот одбор.

Иницијативните одбори на пензионери и понатаму останува на ставот дека под итно треба да се смени актуеалната претседателка на Сојузот на пензионери, која наместо линеарно бараше процентуално зголемување, со  кое како што велат, бенефит ќе имале само пензионерите со високи пензии.