Реклама

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Македонија

🎥 Мисајловски: Историски најголем буџет за армијата

Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес министерот за одбрана, Владо Мисајловски, присуствуваше на промоцијата на новата артилериската батерија во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Батеријата се состои од шест хаубици 105 mm, „Боран“, како и друга поврзана опрема.

– Безбедноста е столбот на една нација. Без безбедност нема просперитет, нема економски напредок. Затоа продолжуваме да инвестираме во АРМ и континуирано ја градиме со секој изминат ден. Историски буџетот е најголем во последните 30 години, и историски модернизацијата е највисоко нив. Затоа им благодарам на Владата и на премиерот Мицкоски, изјави министерот Мисајловски.

Реклама

Целиот пост и фотографии може да ги погледнете на следниот линк:

Владата издвојува над 30% од буџетот за модернизација на армијата и со вакви проекти се повеќе армијата се приближува до НАТО стандардите.

– Оваа нова опрема која што е дел од вооружувањето на артилерискиот батаљон, артилериска батерија со 6 хаубици „Боран“, влијае на сериозно зголемување на борбената готовност на армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на граѓаните на Македонија. Оваа борбена опрема е произведена во Турција согласно сите НАТО стандарди, потенцираше Мисајловски.

Министерот секако се заблагодари на Република Турција и најави понатамошна соработка, очекувајќи и набавка на униформи, шатори, снајпери и борбени возила.

– Инвестирањето во армиските капацитети ќе продолжи да се реализира со засилено темпо. Затоа што само така можеме да гарантираме дека стео она што го имаме, нашата слобода и нашите вредности, ќе бидат наша реалност и во иднината, додаде Мисајловски.