Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Свет

🎥 Израелски удар врз државната телевизија на Иран за време на директен пренос

Израел изврши напад врз седиштето на државната телевизија на Иран. Меѓу вработените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израел изврши напад врз седиштето на државната телевизија на Иран. Меѓу вработените има повредени лица. На „Икс“ се појави видео на кое се гледа програмата на таа иранска државна телевизија. Програмата била прекината во моментот на ударот. Пред тоа, можете да се види како нешто почна да паѓа во студиото и водителката бега од кадарот. Некој на видеото потоа извикува „Алах Акбар“. Програмата продолжи извесно време по ударот.

Државната телевизија на Исламската Република Иран (IRIB) повторно емитува во живо, откако неколку минути беше исклучена од етерот поради израелскиот напад, јавува BBC Persian.

Реклама

На екранот сега се прикажува порака дека „сите програми продолжуваат во живо без прекин“, додека друг текст вели дека Израел „погоди една од зградите на иранската државна телевизија во брутален напад“.

Нападот се случи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на пат кон исчезнување“.

Кац изјави и дека евакуацијата на жителите од околните населби веќе е започната.

Претходно истиот ден, според иранските медиуми, израелските сили нападнале и воена база во западен Техеран.