Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Љутков и Ѓорѓиевски потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на културно-туристичката понуда на Скопје

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска потпишаа Меморандум за соработка за развој на културата, туризмот и културно-туристичката понуда во главниот град.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека овој документ е важен чекор кон посилно позиционирање на Скопје како отворен, гостопримлив, културно жив и автентичен европски град. Со соработката се предвидува поголема видливост на културно-историските локалитети, подобрување на условите за посетителите и развој на нови културни содржини.

– Унапредувањето на културата и туризмот во Скопје е наш приоритет. Скопје 2028 – Европска престолнина на културата е процес на вистинска трансформација на градот. Процес во кој ќе ја зачуваме нашата традиција, ќе го афирмираме културното наследство, ќе ја оживееме урбаната меморија и ќе создадеме нови содржини кои ќе бидат препознатливи и за домашните и за странските посетители. Со оваа соработка ќе работиме на поголема видливост на културно-историските локалитети, туристичките атракции и јавните културни простори, но и на подобри услови за информирање, престој и ориентација на посетителите во нашиот град. Скопје има огромен потенцијал. И како град на културата, и како град на туризмот, и како град на средби, приказни, традиција и современа енергија. Продолжуваме посветено да го градиме Скопје како културен центар на Македонија и достоинствена Европска престолнина на културата во 2028 година, наведува Ѓорѓиевски.