Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Јаневска: Нашето население е писмено финансиски околу 56%, што е незадоволително

Македонските ученици имаат само основно познавање за финансиска писменост, но не можат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонските ученици имаат само основно познавање за финансиска писменост, но не можат да го применуваат. Ова го покажуваат анализите на Бирото за развој на образованието. Министерката Јаневска вели дека податоците покажуваат дека само половина од нашето население е финансиски писмено, што според неа е незадоволително.

„Затоа, Министерството првенствено со Бирото за развој на образованието, но и со Народната банка и Министерството за финансии и УЈП, и Асоцијацијата на банки во Македонија и други институции, развива програми за најмладите од рани години да научат како да управуваат со сопствените средства или средствата коишто им се на располагање, да научат да штедат, да научат да вложуваат, да научат да проценуваат ризици, да научат на кој начин да управуваат, менаџираат со сопствените средства, што во суштина претставува еден сериозен чекор за примена на знаењата во иднина кога тие навистина ќе имаат таква потреба“, изјави Весна Јаневска – министерка за образование.

Извештајот им дава конкретни насоки на институциите во кој правец да се движат за подобрување на можноста учениците да достигнат повисоко ниво за да носат финансиски одлуки.

Реклама

„Финансиска писменост и досега постои како слободен изборен предмет во четврто, петто и шесто одделение, и понатаму слободен изборен предмет во седмо, осмо и деветто одделение. И сѐ уште, нели, по старата програма во деветто одделение предметот Иновации“, изјави Милка Тримчевска, директорка на Бирото за образование.

Во наставните програми апсолутно се интегрирани содржини и под другите предмети, не само по овие слободни изборни предмети и се постигнуваат стандарди кои што се постигнуваат, односно треба да ги имаат децата, зборуваме само за основното образование. Резултатите подоцна ќе нѐ наведат, односно веќе нѐ наведуваат, нели, понатаму што треба ние да развиваме и во средното образование.

Настанот на кој беа презентирани податоците од истражувањето е во пресрет на 15 март, Денот на заштитата на потрошувачите.