Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Јакупоски: Се надминуваат пропустите во проектирањето, за модерна и функционална спортска сала

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изврши теренски увид во тековните градежни активности, во рамки на проектот за  реконструкција и санација на спортската сала „Македонија“.  Со цел доследно следење на процесот, на самото место беа повикани и присутни претставници на проектантот, надзорниот орган и изведувачот на градежните работи. -За време на посетата детално […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изврши теренски увид во тековните градежни активности, во рамки на проектот за  реконструкција и санација на спортската сала „Македонија“. 

Со цел доследно следење на процесот, на самото место беа повикани и присутни претставници на проектантот, надзорниот орган и изведувачот на градежните работи.

-За време на посетата детално беше разгледана динамиката на изведување на градежните активности, при што беше направена анализа на досега завршените фази. Меѓутоа, при теренскиот увид беа констатирани и утврдени бројни недостатоци и пропусти во првичното проектирање на овој објект, нешта кои директно би ја довеле во прашање крајната функционалност на спортската сала, информираа од општината.

Реклама

Додаваат дека во интерес на граѓаните и спортистите, сите засегнати страни се согласија дека за да добиеме навистина модерна, безбедна и функционална спортска сала, овие технички недостатоци мора итно да се надминат.

-Заеднички став е дека за целосно и квалитетно ставање во функција на објектот, неопходно ќе биде спроведување на втора фаза на јавна набавка. Во оваа следна фаза ќе бидат прецизно предвидени и опфатени сите потребни позиции кои првично биле изоставени, а кои се клучни за комплетирање на салата, посочуваат од општината.

Нагласуваат дека локалната власт останува посветена на принципот на одговорно, транспарентно и квалитетно работење, со цел спортската сала „Македонија“ да биде изградена по највисоки стандарди.

Како што велат од општината оваа инвестиција се реализира по период од речиси една деценија, во кој, во салата „не беше вложен ниту денар, со што објектот беше оставен сам на себе и пропаѓаше.

Вкупната вредност за реализација на овој зафат е обезбедена преку заедничко партнерство и тоа 4.126.315 денари од Владата преку Министерството за спорт и 1.155.365 денари од општинскиот буџет.