Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Јаневска: Оптимизацијата на училиштата не ја правиме насилно, наставниците да не се плашат за своите работни места 

Наставниците не треба да се плашат, никој нема насилно да ги избрка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наставниците не треба да се плашат, никој нема насилно да ги избрка од работа, тоа е лага, рече министерката за образование и наука Весна Јаневскка одговарајќи на пратеничко прашање дали со оптимизација на училиштата наставниците ќе останат без работа.

На собраниската седница таа посочи дека за над 20 години се намалил за 28 проценти бројот на ученици, само во последнмите седум години, рече, сме изгубиле 17 000. Во истиот период, додаде Јаневска, бројот на наставници е зголемен за 46 проценти и тоа го укажуваат странски релевантни институции. 

-Како резултат на тоа, бројот од 18 ученици по наставник се намали на 11,4 ученици по наставник што е многу повеќе во споредба со европскиот просек и тоа доведе до вишок на наставен кадар од околу 13 проценти. Иако јас велам дека во ниедна земја доктор и наставник не може да биде вишок, но проблем е што имаме училишста со три или пет ученици. И тука не се во прашање трошоците туку тие деца  остануваат изолирани и несоцијализирани, последни се на тестирањата и затоа треба да направивме нешто за тие ученици да се интегрираат, истакна Јаневска одговорајќи на прашање на пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска. 

Реклама

Јаневска посочи дека дел од наставниците добиле можност да бидат преквалификаувани во кариерни советници за да останат на работа или да работат како образовни асистенти.

Потврди дека пратила допис до училиштата за број на првачиња за да направат план на паралелки и да го достават до МОН за, како што рече, „да видиме што можеме да правиме со оптимизацијата“.

-Но таа нема да се прави насилно, училиштата се на општините, тие имаат градоначалници. Никој нема насилно да си оди, но треба да ја почнеме оптимизацијата и да не молчиме на проблемот што ќе се зголемува. Нема новороденчиња, тоа се случува не само кај нас, туку глобално, 124 училишта спонтано се затворија, не ги оптимизиравме ние, туку нема новоредни и неколку години нема првачиња, рече министерката Јаневска.