Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство

На одбележувањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, присуствуваше и градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На одбележувањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава.

-Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за сите генерации. Делото што го остави зад себе не е само дел од историјата, туку жив аманет кој нè повикува на единство, одговорност и истрајност во зачувувањето на националните вредности – истакнал Ѓорѓиевски.

На денешниот ден, како што потенцирал градоначалникот Ѓорѓиевски, се потсетуваме дека борбата за правда, достоинство и напредок не завршува, туку продолжува низ нашите дела, посветеност и љубов кон татковината.

Реклама

-Чествувањето на ликот и делото на Делчев е израз на почит кон минатото, но и залог за иднината. Нека неговата жртва биде вечен поттик за градење општество засновано на слобода, еднаквост и просперитет – нагласил Ѓорѓиевски.