Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за оваа проблематика. 

– Од моја страна логистички ќе бидат поддржани овие заклучоци, изјави Ѓорѓиевски.

За дислокацијата на цементарница Усје, вели дека тоа неможе да се реши преку ноќ и дека според него не е само Цементарница потенцијален загадувач, туку и останати погони и фабрики кои треба да се дислоцираат. 

Реклама

–  За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади… Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка, вели Ѓорѓиевски. 

Посочи дека изминатиот период имаат изречено казни по 53 илјади евра на индустриски капацитети кои имаат Б интегрирана дозвола. 

– Во оваа ситуација треба да постапува државната инспекција, но во соработка со нив, имаме контроли изминатиот период. Не се тоа најавени и помпезно пред медиумите претставени контроли, но имаме постапувано и за тоа одговорно тврдам, вели Ѓорѓиевски. 

Најавува градење на систем со кој ќе се променат работите. Во план е проширување на топловодната мрежа во градот, односно нејзина достапност до секого затоа што, како што вели, има згради, куќи и останати објекти во центарот на градот кои не се поврзани на Топлификација. Интензивно се работи и на гасификацијата. 

Вчера, како што посочи скопскиот градоначалник, усвоена е мерка во насока на намалување на аерозагадувањето во Скопје, односно донесена е одлука за субвенционирање на филтри за оџаци за домаќинствата.

На предлог на „Зелен хуман град“ вчера во Советот на Град Скопје беа усвоени заклучоци за аерозагадувањето, а еден од заклучоците е и дислокација на Цементарница Усје, каде во четвртокот протестираа група граѓани.