Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме

Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија – истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи.

Ѓорѓиевски  и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во присуство на неговата внука и претставници од Полската амбасада, во знак на благодарност за неговиот значаен придонес во зачувувањето на еден од највредните симболи на идентитетот на нашиот град.

Како што наведува Ѓорѓиевски, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога од урнатините се создавала новата визија за Скопје, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои цврсто се залагале Старата скопска чаршија да остане нераскинлив дел од градот.

Реклама

– Во време кога постоеле идеи историското јадро да биде заменето со целосно модерни градби, тој ја бранел визијата дека Скопје мора да се развива, но притоа да ги зачува својата историја, традиција и препознатливост.  Денешната спомен-плоча е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија. Чаршијата е историја, култура, паметење и жив идентитет на Скопје – напиша Ѓорѓиевски, на својот фејсбук профил, порачувајќи дека наша обврска е да ја чуваме, да ја унапредуваме и да им ја оставиме на идните генерации како сведоштво за градот кој знае да се развива, но никогаш не ги заборава своите корени.