Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопјани заслужуваат чист, зелен и уреден град

Зелени коридори за поубаво, поздраво и похумано Скопје. Скопје мора да биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зелени коридори за поубаво, поздраво и похумано Скопје. Скопје мора да биде град во кој зеленилото не е исклучок, туку стандард. Град во кој секој нов проект носи повеќе дрвја, повеќе сенка и поквалитетен живот за граѓаните, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук.

– Токму затоа, градиме нови зелени коридори долж булеварите и главните улици, со нови дрвја, зеленило и целосно уредени јавни површини. Создаваме почист и попријатен простор за пешачење, движење и секојдневен живот. Денес се уредува зелен коридор долж улицата „Ѓорче Петров“, каде истовремено се реконструира пешачката патека во должина од околу четири километри, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Продолжуваме со изградба на зелени коридори низ целиот град, затоа што тие го намалуваат загадувањето, ја ублажуваат жештината, создаваат природна сенка и го претвораат урбаниот простор во поздраво и попријатно место за живот – се додава во објавата.

Ѓорѓиевски истакнува дека скопјани заслужуваат чист, зелен и уреден град, во кој секоја населба ќе добие ново зеленило, а секој граѓанин ќе почувствува дека Скопје навистина се менува на подобро.

Реклама

– Градиме зелено Скопје, за нас и за генерациите што доаѓаат – порача Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.