Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Шасивари: Продлабочување на партнерството со Германија во спроведувањето на реформите во правосудството

Одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одличната билатерална соработка во областа на правосудството, владеењето на правото и реформските процеси, биле потврдени на денешната средба на министерот за правда, Јетон Шасивари со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Петра Дрекслер.

На средбата, како што посочуваат од кабинетот на Шасивари, било оценето дека Германија е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда, во областа на меѓународната правна помош и реформите во правосудството.

Од Министерството за правда посочуваат дека во процесот на подготовка на новиот Кривичен законик, во соработка со ИРЗ – Германската фондација за меѓународна правна соработка, биле изготвени  стручни мислења од врвни универзитетски професори, кои опфаќаат повеќе клучни области на современото кривично право.

Реклама

На средбата бил поздравен и придонесот на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) во подготовката на Законот за Канцеларијата за поврат на имот и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

Шасивари и Дрекслер ја потврдиле заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката, размена на експертиза и поддршка на реформските процеси, со цел зајакнување на владеењето на правото и приближување на нашиот правосуден систем кон европските стандарди.