Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции сè уште траат на три локации

Повеќе пожари на отворен простор беа пријавени во Скопскиот регион до 20…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пожари на отворен простор беа пријавени во Скопскиот регион до 20 часот, при што горела претежно сува и ниска вегетација, како и овоштарник, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

По сите пријави веднаш интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, а благодарение на навремената реакција најголемиот дел од пожарите се ставени под контрола или целосно се изгаснати.

-Благодарение на навремената реакција на терен, пожарите на следните локации се веќе ставени под контрола или целосно изгаснати. Волково (ул. 22, општина Ѓорче Петров); Кучевишка Бара (општина Чучер Сандево); Катланово; Кадино – патот кон Ајватовци (општина Илинден); Лисиче (кај Чатал); Бунарџик (општина Илинден); Катлановска Сушица;
Добри Дол – Терминал (општина Сопиште). Во тек е интервенција на следните локации: атарот на с. Блаце – Катланово (општина Петровец); влезот во с. Сушица (општина Петровец), каде гори овоштарник; с. Страхојадица (општина Зелениково), каде гори сува трева – информираа од ЦУК. 

Реклама

Од Центарот за управување со кризи истакнуваат дека благодарение на брзата интервенција, добрата координација на сите ангажирани служби и пожртвуваноста на пожарникарите, состојбата во најголем дел од Скопскиот регион е ставена под контрола.

– Дополнително, Центарот за управување со кризи оствари координација и со Дирекцијата за заштита и спасување за обезбедување дополнителна поддршка и надзор на терен, со цел целосно ликвидирање на преостанатите активни жаришта – велат од ЦУК