Реклама

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот

Николоски: Нов импулс за Коридорот 10, Македонија станува поконкурентна за карго транспорт

Од 1 август „Фостер“ повторно без доплата – пациентите ќе плаќаат само партиципација

Државава е на добар пат: Добро е што ЕУ ја препознава Македонија меѓу лидерите во реформскиот процес

Анализа за 2024-та: Државната ревизија со сериозни забелешки за работењето на Агенцијата за вработување

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Пофалби за реформите, критика за блокадите: Марта Кос ја пофали реформската агенда на Македонија, повика на изгласување на изборниот законик

Марта Кос во Скопје: Македонија меѓу лидерите во исполнување на реформската агенда, за 100 процентен успех проблем блокадите од опозицијата

Македонија

ЦУК: Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони, службите се на терен

Невремето проследено со обилни врнежи од дожд што денеска зафати повеќе делови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Невремето проследено со обилни врнежи од дожд што денеска зафати повеќе делови од државата предизвика поплави, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата и отежнат сообраќај, а надлежните институции се на терен и работат на санирање на последиците, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во попладневните часови во Скопје, информираат од ЦУК, поплавени се два подвозника, со заглавени возила пред кружниот тек во Бутел и на булеварот „Србија“ во Општина Кисела Вода. Поплавени се и три кружни текови – кај Ист Гејт, кај Мото Центар и Цементара и кај Железара, како и улицата „Јордан Мијалков“ зад Дајмонд мол и повеќе други улици.

Биле пријавени поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во населбите Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, како и поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода. Вода навлегла и во подрумските и гаражните простории на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), како и во главниот хол и амфитеатарот.

Реклама

ЦУК информира дека е пријавен полн канал со вода во Горно Лисиче, кој претставува опасност од прелевање, како и зголемено ниво на реката Серава во Општина Бутел. Поради поплавените улици, кружни текови и подвозници, од ЦУК велат сообраќајот во делови од градот е значително отежнат, а пријави за поплавени домови и натаму пристигнуваат.

Во Куманово се пријавени поплавени подрумски простории на повеќе улици, навлегување вода во деловни објекти и поплавување на повеќе локации во градот. Екипи на Општина Куманово, Територијалната противпожарна единица и јавните комунални претпријатија работат на отстранување на последиците.

Во Струмица се регистрирани паднато дрво, паднато електрично броило, паднати жици и бандери, додека во Радовиш е пријавено паднато дрво врз автомобил и поплавување на три улици.

Во Велес, ЈКП „Дервен“ интервенирало за отстранување паднато дрво, а ЈП „Македонија пат“ имало повеќе интервенции на автопатот Скопје – Градско и на локалниот пат Велес – Градско поради паднати дрвја и одрон. Интервенција за отстранување паднато дрво е реализирана и на патот Кавадарци – Витачево, додека во Свети Николе е испумпувана атмосферска вода од простории во селото Ерџелија.

Во Полошкиот регион, поради обилните врнежи и недоволниот капацитет на каналскиот систем, поплавен е дел од селото Нераште во Општина Теарце. Поплавени се неколку куќи и подрумски простории, при што е причинета материјална штета. Општинските служби работат на расчистување на теренот, а формирана е и комисија за проценка на штетите.