Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Црвениот крст Куманово ги проширува социјалните услуги, поддршка за стари лица и лица со попреченост

Општинска организација на Црвениот крст Куманово континуирано работи на унапредување на социјалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинска организација на Црвениот крст Куманово континуирано работи на унапредување на социјалните услуги со цел да обезбеди квалитетна, достапна и навремена поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна, информираа денеска од организацијата. Во рамки на услугата „Помош и нега во домот“, која се реализира со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, од март 2024 година досега 20 негуватели обезбедуваат поддршка за 41 корисник. Услугата опфаќа помош при лична хигиена, одржување на домот, подготовка на оброци, набавка на намирници и лекови, придружба до здравствени установи и помош во секојдневните активности. Координатор на услугата е Ерјона Сулејмани.

– Нашата цел е корисниците да можат што подолго да останат во своите домови, каде што се чувствуваат најбезбедно и најудобно. Преку оваа услуга им овозможуваме подостоинствен живот, поголема сигурност и континуирана поддршка во секојдневието- изјави стручниот соработник за социјално-хуманитарна дејност во Црвениот крст Куманово, Шпејтиме Хисејини.

Од 2019 година се реализира и услугата „Лична асистенција“,со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Во моментов 20 лични асистенти обезбедуваат поддршка за 29 лица со попреченост. Асистентите им помагаат на корисниците во секојдневното функционирање, движењето, комуникацијата и нивното активно учество во заедницата, согласно утврдените стандарди. Координатор на услугата е Мила Димитриевска.

Реклама

Во јули годинава започна и проектот „Подобрување на социјалните услуги – Помош и нега во домот“ во Општина Старо Нагоричане, кој се реализира со поддршка на Светска банка и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Проектот има за цел да обезбеди достапна и квалитетна услуга за постари лица, лица со попреченост и лица со намален функционален капацитет.

Со финансиска поддршка од Општина Куманово, Црвениот крст ќе започне со имплементација на проектот „Дневен центар за стари лица со активно стареење“, кој ќе овозможи простор за социјални, едукативни, креативни и рекреативни активности и ќе придонесе за подобар квалитет на живот на постарите лица.

– Со воведувањето на новите проекти и со континуираното спроведување на постојните услуги ја потврдуваме нашата заложба за развој на социјалната заштита. Настојуваме секој граѓанин на кој му е потребна помош да добие навремена, професионална и достоинствена грижа- рече Хисејини.

Во Црвениот крст Куманово посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со развој на социјалните услуги и со активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории граѓани.