Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра

Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс.

Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега непознати лица.

Обвинетиот, телефонски ги контактирал оштетените и лажно им се претставувал како лекар, тврдејќи дека членови на нивните семејства се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за покривање на трошоците за лекување.

Реклама

Откако оштетените ќе се согласеле да платат, обвинетиот или неговите соработници ги преземале парите. Со измамата биле оштетени шест лица, а вкупната материјална штета изнесува 41.400 евра.

Обвинението е поднесено до Општинскиот казнен суд во Загреб, а 58-годишникот се товари за три кривични дела измама според член 236 став 1 и уште три кривични дела измама според член 236 став 2 од хрватскиот Кривичен закон.

Обвинителството предложило и продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело.