Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Бизнис

Храната поевтина 1,1%, транспортот за 1,6% – месечната инфлација во негатива, мерките на владата дадоа резултат

Цените се стабилизираа, инфлацијата се врати во нормални рамки – намалените ДДВ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените се стабилизираа, инфлацијата се врати во нормални рамки – намалените ДДВ и акцизи за горивата ги дадоа очекуваните резултати.

Државната статистика пресмета дека во јуни во однос на мај вкупните цени биле пониски за 0.5%, намалување од 1.1% има кај храната а од 1.6% кај транспортот.

Пад од 0,8% има кај цените на мало. Убедливо најголемо намалување има кај земјоделските производи кои имале пониски цени за 6,2% минатиот месец. И кај другите прехранбени производи се забележува поевтинување од 1,5%. Во јуни помалку се плаќало и за стоки  и услуги.

Реклама

Зголемување на трошоците на животот е забележано во делот рекреација, спорт и култура за 1.4 % и з аполовина процент кај производите за лична нега и социјална заштита .

Нема промени во цените на алкохолните пијалаци, тутун и наркотици, домување, како и кај сметките за комуналии.

Годишната инфлација, пак мерена во јуни, изнесува 3.4%.

Инаку, Владата е решена да преземе цврсти чекори во борба со трговците кои заработуваат на грбот на граѓаните. Секој производ, секоја цена ќе биде под лупа на инспекторите. Се проверуваат над 600 артикли за да се утврди дали маркетите незаконски ги поскапуваат. Надлежните во повеќе наврати напоменаа дека Владата постојано презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Дополнително ќе се зголемуваат и до десеткратно глобите за изигрување н аправилата.

Државната статистика пресмета дека трошоците за живот во јуни пораснале за 3,4%. Во однос на претходниот месец, мај, пак инфлацијата била пониска за 0,5 отсто. Намалување има кај повеќе сектори, но она што радува е поевтинувањето на транспортот. Трошоците во овој сектор се намалени за 1,6%. Поевтинување има кај храната и безалкохолните пијалоци за 1,1% во јуни споредено со мај годинава.

Пад од 0,8% има кај цените на мало. Убедливо најголемо намалување има кај земјоделските производи кои имале пониски цени за 6,2 отсто минатиот месец. И кај другите прехранбени производи се забележува поевтинување од 1,5%. Во јуни помалку се плаќало и за стоки  и услуги.

Зголемување на трошоците на животот е забележано во делот рекреација, спорт и култура за 1.4 % и з аполовина процент кај производите за лична нега и социјална заштита .

Нема промени во цените на алкохолните пијалаци, тутун и наркотици, домување, како и кај сметките за комуналии.

Инаку, Владата е решена да преземе цврсти чекори во борба со трговците кои заработуваат на грбот на граѓаните. Секој производ, секоја цена ќе биде под лупа на инспекторите. Се проверуваат над 600 артикли за да се утврди дали маркетите незаконски ги поскапуваат. Надлежните во повеќе наврати напоменаа дека Владата постојано презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Дополнително ќе се зголемуваат и до десеткратно глобите за изигрување на правилата.