Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Формиран Совет за туризам во Делчево – нов чекор кон развој на туристичкиот потенцијал

Општина Делчево започнува нов пристап во развојот на туризмот со иницијатива за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започнува нов пристап во развојот на туризмот со иницијатива за формирање Совет за туризам, со цел унапредување на координацијата и создавање услови за посистемски развој на оваа значајна гранка.

Како што информираше градоначалникот Иван Гоцевски, веќе е одржана иницијативна средба со претставници од туристичкиот и бизнис секторот, на која се разговарало за идното функционирање на советот, неговата улога и конкретните активности што треба да следат.

-Целта е да создадеме платформа за заедничка работа, размена на идеи и поврзување на општината со хотелиерите, угостителите, туристичките водичи и агенциите. Само преку партнерство можеме да постигнеме вистински резултати- истакна Гоцевски.

Реклама

Тој нагласи дека за првпат туризмот во Делчево се третира на највисоко ниво, со јасна стратегија за искористување на локалните потенцијали и креирање нови можности за економски развој.

Од Општината посочуваат дека ќе бидат отворени за идеи и предлози од сите засегнати страни, при што особено се потенцира значењето на активното учество на бизнис секторот.

Формирањето на Советот за туризам се очекува да придонесе за подобра промоција на Делчево и негово позиционирање како препознатлива туристичка дестинација, како на домашно, така и на меѓународно ниво.