Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство

– Во периодот од 2022 година до денес во СВР Скопје се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во периодот од 2022 година до денес во СВР Скопје се евидентирани вкупно 1.275 случаи на семејно насилство, а податоците покажуваат значително зголемување на ефикасноста во постапувањето и процесирањето на сторителите – беше соопштено при денешната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Одделението за семејно насилство при СВР Скопје.

Како што информира МВР, Тошковски непосредно се запознал со работата на одделението, предизвиците со кои се соочуваат службениците и резултатите што ги постигнуваат во справувањето со семејното насилство.

Според статистичките податоци, во 2022 година биле пријавени 326 настани на семејно насилство, во 2023 година 216, во 2024 и 2025 година по 273 случаи, а во 2026 година, заклучно со денес, се евидентирани 187 случаи.

Реклама

Податоците укажуваат и на раст на бројот на случаи процесирани по брза постапка. Во 2022 година биле процесирани 10 случаи и изречени четири мерки на претпазливост, во 2023 година 18 случаи и седум мерки, во 2024 година 25 случаи и 11 мерки, во 2025 година 34 случаи и 15 мерки, а во 2026 година досега се процесирани 52 случаи и се изречени 23 мерки на претпазливост.

Во споредба со 2022 година, бројот на случаи процесирани по брза постапка и бројот на изречени мерки на претпазливост се зголемени за повеќе од петпати, што, според МВР, укажува на побрза и поефикасна институционална реакција.

Министерот Тошковски истакнал дека семејното насилство се третира со највисок степен на сериозност и нагласил дека приоритет останува обезбедувањето навремена заштита на жртвите и брза и решителна реакција кон сторителите.