Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Топлотните бранови не носат само физичка исцрпеност, туку оставаат сериозни последици и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Топлотните бранови не носат само физичка исцрпеност, туку оставаат сериозни последици и врз менталното здравје. Високите температури ги зголемуваат анксиозноста и стресот, а ја намалуваат и концентрацијата. Недостатокот на фокус носи ризици, а во сезона на летни одмори кога фреквенцијата на патниот сообраќај е значително зголемена, расте и опасноста од сообраќајни незгоди.

„Кога ноќите се топли и телото не навлегува во длабок квалитетен сон, такви неколку не проспиени ноќи прават кај луѓето една психичка раздлазливост, вознемиреност, се намалува концентрацијата и затоа во овој период имаме навистина зголемен број на сообраќајни незгоди, незгоди со тротинети, со мотори и велосипеди.“, изјави д-р Елена Карева Пиловска, итна медицинска помош Скопје.

Граѓаните често прават грешки кои дополнително го оптоваруваат организмот. Недоволното внесување на течности, консумирањето алкохол, тешка и мрсна храна, како и долгото изложување на сонце, можат да доведат до дехидратација, топлотна исцрпеност и сериозни здравствени компликации. Во вакви услови, лекарите советуваат лесна и свежа храна, многу вода, избегнување на кофеин и алкохол, престој во разладени простории и ограничување на физичката активност во периодот кога температурите се највисоки.

Реклама

„Нормална телесна температура на човекот е од 36,5 до 37,1 или 2 степени. Кога надворешната температура се наближува кон тоа или го надминува, дава дополнителен товар при ладењето. Ако на тоа додадеме дехидратација и физички напор, тогаш навистина може да настане топлотен удар или колапсна состојба.“, изјави д-р Елена Карева Пиловска, итна медицинска помош Скопје.

Советите на лекарите ќе бидат драгоцени во наредните денови кога во Македонија се очекува повторно зголемување на температурите до 39 степени. Колку е опасно сонцето, покажува и бројот на дополнителните смртни случаи, во екстремно топлиот јуни што ја зафати Европа – 12.000 граѓани, најмногу во Франција, починаа за време на силниот топлотен бран.