Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Томовски: Од денеска во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода, во фокусот на Владата останува здравјето на граѓаните

Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува во Гостивар изминативе денови, при што утврдивме дека на граѓаните на Гостивар им е потребна питка вода за пиење и заклучно од денеска и во наредните денови, колку што е потребно, во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода за граѓаните, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски од Гостивар.

Тој информира дека водата ќе биде распоредена на неколку пунктови, 6 или 7, а можеби и повеќе, во зависност од потребите, со цел да не се создава метеж на топлото време.

-Како што кажав, ќе ги следиме препораките од надлежните институции. Апелирам до Гостиварчани и луѓето кои живеат и работат во Гостивар да ги следат препораките на инстиуциите од меродавни достапни институции и медиуми и да не слушаат разни гласини за да можеме да ја заштитиме безбедноста на граѓаните. Во фокусот на Владата останува здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Томовски.

Реклама

Од Владата претходно брифираа дека е донесена одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции.

Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови:

– Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139
– Градинка „Пролет“,  ул. Беличица бр. 47
– СЕОУ – Гостивар (Средно економско училиште), ул. Живко Брајковски бр. 39
– ЈП Национални шуми – Подружница „Шар“ Гостивар, ул. Браќа Ѓиноски бр. 165
– АД ЕСМ – Подружница кај гаражите (питарница), ул. Илинденска
– Општа болница „Ферид Мурад“ – паркинг,  ул. Чеде Филиповски бр. 29
– Територијална противпожарна единица – Гостивар, ул. Беличица бр. 35

Истовремено, како што наведуваат од Владата, сите надлежни институции продолжуваат со интензивните контроли, анализи и истражни дејствија за утврдување на причините за настанатата состојба. 

-Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси одговорност согласно закон. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните институции и информациите да ги следат исклучиво преку официјалните канали, со цел навремено и точно информирање, велат од Владата.