Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Француски туристи дошле во Македонија очекувајќи културно-историска тура, а освен запознавање со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Француски туристи дошле во Македонија очекувајќи културно-историска тура, а освен запознавање со македонското наследство, си заминале воодушевени и од храната, вината и гостопримството. Токму ваквите впечатоци, заедно со растот на бројот на странски туристи и ноќевањата, се потврда дека странците се повеќе ја гледаат Македонија како автентична туристичка дестинација. Бројките на Државниот завод за статистика покажуваат дека ако се споредат првите пет месеци од 2026 – со ланските, Македонија бележи раст на странски туристи од 4,9%, а бројот на ноќевања се зголемил за 3,3 отсто.

Ќе почнеме да жнееме и подобри резултати бидејќи е вратена комуникацијата меѓу државата и приватниот сектор. Во тек е и изработка на стратегија за туризам, имаме и работилници. За прв пат сите чинители заедно градиме правец за развој на македонскиот туризам. Убави се бројките, но нашиот фокус е на поквалитетни гости кои ќе трошат повеќе кај нас и ќе имаат импакт на домашната економија.“- вели Влатко Сулев, претседателот на Националното здружение за дојдовен туризам во Македонија.

Новите авиолинии и заедничкиот пристап на институциите со туристичкиот сектор се клучни причини за позитивните бројки. Најбројни и понатаму се туристите од Турција, но позитивни сигнали доаѓаат и од други пазари. Се очекува да порасне бројот и на Шпански и Италијански гости.

Реклама

Ако Македонија е мала држава, сепак е многу богата со културни историски споменици, ги фасцинира туристите како патување низ историјата, нашето вино, гостопримливост наша, ние сме една од последните автентични дестинации во Европа. Посебно се фасцинирани од Матка, Пантелејмон во Нерези, манастири и џамии – ја доживуваат уметноста од отомански период,  Охрид е фасцинантен за нив, Битола, Стара скопска чаршија, винскиот регион е се поатрактивен со сали за дегустација, храната.“- вели Сулев.

Само во мај, од вкупниот број на туристи, 19% биле домашни, а 81% странски. Бројот на ноќевања изнесувал повеќе од 236 илјади, од кои 24% биле од домашните туристи, а 76% од странски.