Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Стојкова Серафимовска: Од наследен долг од 273 милиони денари во културата до 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините

Со цел културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел културата и туризмот повторно да станат стратешки двигатели во развојот на државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо краткорочни и непромислени решенија, во изминативе две години Владата на ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции.

По преземањето на одговорноста за раководење со Владата во 2024 година, беше наследен институционален систем во културата без јасни стратешки насоки и дополнително, долг од 273 милиони денари по основ на неисплатени плати во националните и локалните установи.

Реклама

Веќе со првиот ребаланс беа обезбедени средства за сервисирање на наследените обврски, како и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините.

Паралелно започна системско решавање на долгогодишните проблеми во културата и туризмот. Изготвена е длабинска анализа за рационализација на националните установи и преземени се конкретни чекори за спроведување на реформските приоритети.

Започната е имплементацијата на Законот за употреба на македонскиот јазик. Основани се Инспекторатот и Советот за македонски јазик, а во тек е и изработката на Стратегијата за употреба на македонскиот јазик.

Воедно, се финализираат подготовките за отворање на музеите на Скопско Кале – процес кој беше целосно запрен од претходната влада, а деблокирани се и повеќе национални и меѓународни проекти во областа на културното наследство.

За првпат е воведен моделот на делегиран буџет во националните установи, кој годинава се применува во 28 институции, овозможувајќи поголема автономија, подобро планирање и поефикасно управување со јавните средства.

Во изминатите две години за првпат е воспоставен и отворен конкурс за мобилност, преку кој македонските културни работници се усовршуваат во престижни академски и културни институции во странство. Воедно, реализирани се 320 нови вработувања и 35 унапредувања во националните установи.

Почитувани,

Со овие мерки и активности Владата покажа дека со визија, одговорност и системски пристап се поставуваат цврсти темели за долгорочен развој на културата и туризмот. Тоа е доказ дека со одговорно управување, јасна визија и домаќински однос кон јавните средства, културата повторно станува еден од двигателите на општествениот и националниот развој.