Реклама

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Македонија

Стартува „Културното лето“ во Кисела Вода, настапи на македонски и балкански музички ѕвезди

Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под слоганот „Кисела Вода – најстарата скопска приказна, 71 година културен печат на градот“, вечерва во 20 часот, официјално започнува Културното лето во организација на Општина Кисела Вода. Во следните три фестивалски дена, публиката ќе има можност да ужива во богата програма и настапи на еминентни македонски, но и големи балкански музички ѕвезди.

Како што соопштуваат од локалната самоуправа, свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи вечерва во населбата Драчево, на локацијата кај Крстот. Програмата започнува во 20 часот со настап на КУД „Китка“, по кои концерт ќе одржи Андријана Петрушовска.

Потоа, пред публиката ќе настапи ансамбл составен од ученици од основните општински училишта од Драчево, ученици од ЕМЦ „Наши ноти“ и ученици од традициската насока при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, сите под менторство на Вера Милошевска Јосифовска и групата „Љубојна“. Првата фестивалска вечер ќе ја затвори Никола Станишиќ.

Реклама

По вечерашното отворање, за време на викендот, односно во сабота и недела, забавата продолжува во паркот Расадник каде ќе настапат Лозано, големата балканска ѕвезда Војаж, популарното  дуо „2Бона“, раперот Таско, Влатко Миладиновски, ДЈ Марио Трампет и ДЈ Доријан , како и млади бендови и талентирани ученици.