Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Средба Гаши-Лир, теми состојбата во Украина, парламентарната соработка и можностите за натамошно зајакнување на односите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со украинската амбасадорка во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир. На средбата беше потврдена традиционално добрата и пријателска соработка меѓу двете држави и подготвеноста за нејзино понатамошно продлабочување. Разговорот беше посветен на состојбата во Украина, парламентарната соработка и можностите за натамошно зајакнување на билатералните односи, информираат од собраниската прес-служба. 

Гаши ја потврдил цврстата и принципиелна поддршка на земјава за Украина, нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, нагласувајќи дека земјата продолжува да обезбедува политичка, хуманитарна, воена и техничка поддршка за Украина во координација со Европската Унија и евроатлантските партнери.

Тој изразил задоволство од плодната соработка меѓу Собранието и Врховната рада, истакнувајќи дека во изминатите години значително е унапредена соработката како на билатерален, така и на мултилатерален план, вклучително и на највисоко парламентарно ниво.

Реклама

Во разговорот била нагласена активната улога на Собранието во Парламентарната димензија на Меѓународната Кримска платформа, при што било истакнато дека Собранието беше првиот парламент што формираше Парламентарна група за Кримската платформа, која е повторно конституирана и во актуелниот парламентарен состав.

Амбасадорката Лариса Дир се заблагодарила за континуираната поддршка што Македонија ѝ ја дава на Украина и ја поздрави активната улога на Собранието во јакнењето на меѓупарламентарната соработка и поддршката на иницијативите насочени кон воспоставување мир, безбедност и почитување на меѓународното право. Двајцата соговорници изразиле уверување дека успешната соработка меѓу двете земји ќе продолжи да се развива и во наредниот период.