Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Економија

Со помалку пари, подобро се живееше пред неколку години

Со помала плата граѓаните подобро живееа . Покачувањата со ко се фали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со помала плата граѓаните подобро живееа . Покачувањата со ко се фали власта ги изеде инфлацијата.  . Цените за четири години скокнаа енормно . Ако во 2019 година масло за јадење се продаваше и за 50 денари, сега не може да се најде за помалку од 70 денари, кашкавалот на пример можеше да се купи за 250 денари за килограм, сега чини и до 480 денари во различни маркети . Ако табла 30 јајца за Велигден во 2019 чинеа 160 денари, сега 10 јајца чинат најмалку 100 денари.  Порано немаше, ама некако се крпеше, сега е ужасно коментираат граѓаните

Ако во 2019 година биле потребни 33.086 денари да се задоволат потребите на едно четиричлено семејство, а просечната плата била 25.270 денари , сега потребни се речиси 50.000 денари , а просечната плата стигна 34.925 денари . Што значи дека ако сега заработувате просечна плата, ќе ви недостигаат уште 14 100 денари, а во 2019 недостигале 7.816 денари. Според јавно достапните податоци пред пандемијата, па и во екот на пандемијата помалку пари биле потребни за да се задоволат дел од основните потреби.  Најмногу  пари граѓаните трошат за  храна и пијалаци. Во мај годинава потребни биле 19.532 денари, а во мај 2019 13. 979 денари.

Освен високите цени и високите сметки кои ги плаќаат граѓаните, најверојатно  нов удар ќе имаме од први јули кога треба да стартува новата цена на струјата .  Со оглед на тоа дека се враќа ДДВ-то на 18 отсто од досегашните 10 сметките  ќе се посолени барем за 8 проценти, ако не се најде друг механизам да се ублажи ова.   Премиерот Ковачевски уверува дека нема да се дозволи ценовен шок за граѓаните и дека Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата

Реклама

Се уште се чекаат финалните пресметки од ЕСМ од што и најмногу ќе зависи истата,  по што РКЕ ќе ја соопшти новата цена на струјата .

.

Кристина Алексиеска