Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Со концерт на Voyage и 2Bona заврши „Културно лето 2026“ во Кисела Вода

Со голем музички спектакл на плоштадот во Расадник, синоќа беше затворено овогодинешното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со голем музички спектакл на плоштадот во Расадник, синоќа беше затворено овогодинешното издание на манифестацијата „Културно лето 2026“ во Општина Кисела Вода, со што беше одбележан и 71-от роденден на општината.

Илјадници граѓани присуствуваа на финалната вечер исполнета со музика, еуфорија и силна сценска енергија. Настанот го отворија млади локални бендови, по што следуваа настапите на диџеите Доријан и Марио Трампет.

Публиката потоа уживаше во настапот на групата 2Bona, која со своите хитови ја подигна атмосферата и ја вклучи публиката во заедничко пеење и еуфорична поддршка. Врвот на вечерта беше настапот на  балканска ѕвезда Voyage, кој предизвика силни реакции кај присутните и го заокружи музичкиот спектакл.

Реклама

Со оваа завршна вечер официјално беше затворено „Културно лето 2026“, кое во изминатите денови понуди разновидна програма за сите генерации – концерти на Лозано, Таско, Влатко Миладиновски, групата „Љубојна“, КУД „Китка“, како и настапи на млади музичари и диџеи.

Во рамки на манифестацијата беа организирани и содржини за најмладите во парк „Македонија“, како и традиционалната „Коријада“ за пензионерите, хуманитарни активности и продажни изложби со учество на ученици со посебни образовни потреби.

Од Општина Кисела Вода упатија благодарност до сите граѓани за масовната поддршка и атмосферата која, како што наведуваат, ја направила манифестацијата уште поуспешна.