Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Со концерт на Битолско културно лето заврши музичкиот камп „Етно Македонија“

Млади уметници музичари полиглоти синоќа во Битола со целовечерен концерт го завршија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Млади уметници музичари полиглоти синоќа во Битола со целовечерен концерт го завршија музичкиот камп „Етно Македонија“ на кој годинава имаше учесници од девет европски држави.

На „БитФест“ и  „Илинденски денови“ создадовме аранжмани за песни на многу јазици, со различни ритмови и со уште повеќе приказни, истакна Верица Ајтовска, координаторка на проектот „Етно Македонија“.

– Пред девет дена не знаевме кој каква песна ќе донесе, не знаевме како ќе звучат тие заеднички песни, а повеќето од нас воопшто не се познававме. Одржувавме работилници од утро до вечер, некој учеше нов музички ритам, некој се обидуваше правилно да изговори збор на дански, шведски или македонски. Секој даде свое парче, своја идеја, ритам, хармонија, глас за уникатна композиција. И, што е најважно, не сите учесници се професионални музичари, некои студираат музика, некои математика, но сите ги обединува истата љубопитност, желбата да создаваат пријателства. Токму тоа е Етно, да се запознаеш со една култура преку нејзината музика, но уште повеќе преку луѓето, рече Ајтовска по завршувањето на синоќешниот концерт во Битола, кој се одржа под менторство на уметниците Ангел Спироски од Македонија и Џули Грејн од Данска.

Реклама

Младите уметници од Србија, Босна и Херцеговина, Данска, Холандија, Турција, Белгија, Португалија, Шведска и Шпанија, на „БитФест“, а  во рамки на проектот „Културен Хорологион“ на Музичка младина на Македонија, беа запознати со културно историски знаменитости во Битола, локална понуда за културен туризам.