Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Состанок во Атина на операторите за пренос на гас од седумте земји од Вертикалниот коридор, меѓу кои и нашата

Претставници на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Македонија и Србија, како и компаниите Гастрејд и ИЦГБ, денеска одржаа состанок во Атина, на кој присуствувале и министрите за енергетика на Грција и Бугарија, соопштија од грчкото Министерство за животна средина и енергетика.

-Оваа разврска го означува почетокот на техничките активности потребни за проширување на иницијативата „Вертикален коридор“ кон Македонија и Србија, по политичката одлука донесена на квадрилатералната министерска средба што ја организираше Министерство за животна средина и енергетика во Атина на 15 мај, соопштија од грчкото Министерство.

Пред речиси два месеци, на министерската средба на која присуствуваа министрите за енергетика на Македонија, Србија, Бугарија и домаќинот Грција беше одлучено да се прошири Вертикалниот коридор кон нашата земја и Србија.

Реклама

Токму овој коридор беше во фокусот и на денешната средба на министерот за животна средина и енергетика на Грција Ставрос Папаставру и неговата бугарска колешка Ива Петрова.

Папаставру рече дека „Вертикалниот коридор е густа и сигурна регионална енергетска мрежа, со учество на сите земји од регионот, без да се чекаат иницијативи од други“.

– Обединувањето на енергетскиот пазар може да биде прв чекор кон интеграцијата на Западен Балкан во европското семејство. Претходно, со министерката Петрова се согласивме да соработуваме за да подготвиме документ (policy paper) за Советот на министрите за енергетика, во кој на многу конкретен, амбициозен, но истовремено и реален начин ќе биде претставена заедничката перцепција на нашите земји и на операторите на преносните системи за тоа што треба да се направи за да се зајакне и забрза оваа иницијатива. Како можеме да создадеме кредибилен и добро поврзан енергетски систем во југоисточна и централна Европа, а ние ја преземаме иницијативата, како на политичко, така и на ниво на операторите на преносните системи и предлагаме до Брисел конкретни проекти што ќе ги отстранат постоечките пречки и ќе ја подобрат енергетската ефикасност на регионот, рече Папаставру.

Министерката за енергетика на Бугарија посочи дека не станува збор само за планови или намери, туку постои вистински напредок, нагласувајќи дека со оглед на геополитичките предизвици, „енергетската безбедност истовремено е и економска безбедност, отпорност и национална безбедност“.

– Затоа е исклучително важно да продолжиме со оваа иницијатива. Навистина верувам дека е многу важно да го задржиме сегашното темпо и уште повеќе да ги забрзаме нашите напори. Но, она што навистина би сакале е да претставиме јасен предлог што ќе произлезе од самиот регион, со силна политичка поддршка, за да продолжиме и да ја забрзаме реализацијата на проектите, бидејќи времето нè притиска. Денешните геополитички предизвици и случувањата во нашиот регион, во комбинација со постепеното укинување на рускиот природен гас, не ни оставаат простор за луксуз да чекаме или бесконечно да размислуваме. Треба да дејствуваме и брзо да постигнеме резултати, рече Петрова по состанокот со нејзиниот грчки колега.