Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Власта ни го враќа „соленото“ ДДВ, ама не теши – струјата нема да поскапела и ќе се вратела евтината тарифа

Поголемо ДДВ на сметките за струја од 1 –ви јули, наместо 10,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголемо ДДВ на сметките за струја од 1 –ви јули, наместо 10, граѓаните ќе плаќаат 18%.

Така на пример, за оваа сметка од 1.974 денари, досега се плаќало 163 денари данок, а за еден месец за истата ќе се плаќаат речиси 300 денари.

Односно само по овој основ струјата ќе поскапи за 8%. Сепак, Владата уверува дека немало да се плаќа повеќе, како ќе го изведат тоа, засега е неизвесно.

Реклама

. „Во текот на јуни ќе седнеме и ќе разговараме за новиот модел, кој сите заеднички ќе го формираме во склоп на енергетскиот совет“, рече Министерот за економија Крешник Бектеши.

Но, дека може да има поскапување и по други основи, освен поголемо ДДВ, покажуваат и пресметки на енергетски компании. Засега е извесно дека Електродистрибуција бараат покачување од дури 32.13%.

Од Регултароната комисија за енергетика се уште ги чекаат и другите пресметки, а крајниот рок е 31 мај.

-За операторот на пазарот на електрична енергија се уште не е обработено барањето, а додека ЕВН Хоум нема наведено колкава промена бара на цената и тоа е во ред, бидејќи ЕВН Хоум во текот на јуни треба да ја направи набавката на електричната енергија на тендерот којшто треба да го распише во текот на наредниот месец, а исто така не го знае колкав ќе биде трошокот за пренос и трошокот за дистрибуција на електрична енергија, појасни Бислимоски.

Регулаторна потврди дека се враќа дневната евтина тарифа на струјата, но засега не се знае точниот термин. Ќе трае два часа во периодот меѓу 11 и 16 часот.

Кога точно ќе стартува ќе се знае за 15 дена, но домаќинствата ќе ја добијат етапно зашто ќе треба да се прилагодат односно прештелуваат струјомерите.

Кристина Алексиеска