Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и законот за соодветна и правична застапеност

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 111. седница. На дневен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 111. седница.

На дневен ред на седницата се Законот за изменувањето на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, во трето читање, предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во второ читање, предлог на завршната сметка на буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена постапка, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, во прво читање, предлог-законот за високото образование, во прво читање, предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, во прво читање, предлог-законот за научноистражувачката дејност, во прво читање, Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026 – 2030 година, предлог-одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, предлог-кандидат за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.

Пред пратениците се и годишни извештаи на неколку институции – годишниот извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во Македонија во 2025 година, годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2025 година, годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување во 2025 година и ревидирани финансиски извештаи за 2025 година, годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година.

Реклама

На денешната пленарна седница по скратена постапка се предлог-законот за изменување на Законот за супервизија на осигурувањето, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за автокамповите и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетиката.