Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Случајот „Марковски компани“ одложен за септември, предметот од Битола се префрли во Судот во Струга

Скршена нога го одложи уште непочнатиот судски процес за злоупотреби со јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скршена нога го одложи уште непочнатиот судски процес за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Причината – повреда на бранител на еден од обвинетите, но и ангажирање нов адвокат кој побарал време да се запознае со предметот. Битолското обвинителство пред шест месеци поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за тендер во РЕК Битола вреден околу 1,7 милиони евра од 2023 година.

Предметот, наместо во Битола, се најде пред Основниот суд во Струга.

„Предметот се префрли во Струга затоа што, според моите сознанија, сите судии во Битола се изземале од постапување по предметот. Требаше денес да почне судскиот процес. Зошто се одложи? Причината беше тоа што еден од обвинетите има ангажирано нов бранител, а во меѓувреме неговиот претходен бранител го извести судот дека, како последица на несреќен случај, се здобил со повреда поради која има потешкотии во движењето“ – вели судијата Јордан Јованов.

Реклама

Иако Јованов е единствениот кривичен судија во Основниот суд во Струга, Битолска апелација одлучи предметот да биде делегиран во Струга, со образложение дека овој суд со проширена надлежност има доволно судии и капацитет да постапува по предметот. Јованов најави дека понатаму нема да дозволува непотребни одложувања.

„Ние сме сега уште на почеток, чекаме да се соберат и доказите, така што во оваа фаза на постапката, на наредната расправа ќе имаме и воведни говори и до тогаш очекувам и одбраната комплетно да биде подготвена со достава на сите пријавени докази. Дали за овие кривични дела за кои се товарат има основ за затворска казна? Да, за сите дела за кои се товарат има основ за затворска казна, а дали тоа ќе се докаже, се разбира, ќе се утврдува во текот на постапката“ – вели Јованов.

Инаку, според обвинението, раководни лица во РЕК Битола ја фаворизирале „Марковски компани“, овозможувајќи таа да биде единствен понудувач, а потоа биле доставувани документи врз основа на кои биле вршени исплати.

Судењето е презакажано за 2 септември, а предметот за набавките во енергетскиот гигант РЕК Битола допрва треба да ја добие својата судска разврска.

Росица Голабоска