Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Слупчанци го оставиле во мрак и граничниот премин Табановце?!

Покрај тоа што оставиле во мрак шест соседни села, манипулациите во електричната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај тоа што оставиле во мрак шест соседни села, манипулациите во електричната мрежа од жители на Слупчане предизвикале дефект поради кој без струја останал и граничниот премин Табановце на македонско-српската граница!

Информацијата ја потврди ЕВН, од каде што додаваат дека снабдувањето со електрична енергија на граничниот премин е обновено.

Слупчанци ги спречија да работат екипите на Електродистрибуција како пред три недели, по што повторно ја искршија трафостаницата, па без струја останаа и Оризаре, Ваксинце, Алешевце, Руница, Извор и Белановце.

Реклама

Во меѓувреме, месната заедница од селото се обрати до ЕВН со барање да им се простат сите досегашни долгови од по неколку илјади евра по домаќинство, во иднина да не им се фактурираат сметки над 3.000 денари без разлика колку ќе потрошат, верските објекти да бидат ослободени од плаќање итн.