Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Службите од Старо Нагоричане ги расчистуваат штетите од невремето

Силниот ветер и дожд што ја зафатија Општина Старо Нагоричане предизвикаа материјални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силниот ветер и дожд што ја зафатија Општина Старо Нагоричане предизвикаа материјални штети, прекин на електричната енергија и проблеми со водоснабдувањето во повеќе населени места. Пријавени се оштетувања на повеќе објекти, а најголем проблем претставуваат паднатите дрвја кои го отежнуваат движењето на населението и сообраќајот на локалните патишта.

– Најголемиот проблем по невремето се паднатите дрвја и оштетената електродистрибутивна мрежа. Нашите служби веднаш излегоа на терен и заедно со ЈКП „Козјак“ и Територијалната противпожарна единица работат на расчистување на сите критични локации за граѓаните безбедно да можат да се движат- изјави градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски.

Невремето урна и голем број електрични столбови, поради што поголем дел од општината остана без електрична енергија. Поради прекинот на напојувањето не работат ниту пумпните станици за вода, што предизвика прекин и намален притисок во водоснабдувањето во повеќе населени места.

Реклама

Екипите на ЈКП „Козјак“, Територијалната противпожарна единица и надлежните служби континуирано интервенираат на сите локации каде што се пријавени последици од невремето.

– Очекуваме во текот на денот да се нормализира снабдувањето со електрична енергија до пумпните станици, по што постепено ќе се воспостави и редовното водоснабдување. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање додека траат активностите за целосно санирање на последиците од невремето- рече Славковски.

Од Општина Старо Нагоричане информираат дека остануваат на терен сè до целосно расчистување на последиците и нормализирање на состојбата во сите населени места.