Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Сиљановска Давкова-Мурму на откривањето на бистата на Ганди: Во време на конфликти и поделби, Гандиевата верба во дијалог и соживот остануваат и понатаму важни

Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен-биста на Махатма Ганди.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на град Скопје денеска е откриена спомен-биста на Махатма Ганди. Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија. Бистата ја открија претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзината индиска колешка Друпади Мурму, како и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

– Махатма Ганди ѝ припаѓаше на Индија, но неговата порака му припаѓа на целото човештво. Неговиот живот покажува дека вистината и ненасилството не се знаци на слабост, туку моќни инструменти за обезбедување правда, слобода и достоинство. Во време во кое денеска се соочуваме со конфликти, нетолеранција и поделба, Гандиевата верба во дијалог, сочувство и мирен соживот останува и понатаму важна – нагласи индиската претседателка. 

Таа изрази надеж дека оваа спомен-биста ќе ја отслика пораката на Ганди и ќе ги инспирира младите да одбијат омраза, да ги решат разликите на мирен начин и да му служат на општеството со храброст и емпатија. ​

Реклама

– Оваа биста претставува долготраен симбол на пријателството меѓу Индија и Македонија и на нашата заедничка обврска за мир, толеранција и хуманост. Сигурна сум дека нашите културни и човечки врски ќе продолжат да се продлабочуваат во годините што следуваат. ​Во името на народот на Индија им ја изразувам мојата искрена благодарност на сите што ја овозможија оваа посета. Овој споменик нека ги зајакне врските на разбирање и соработка меѓу нашите народи и нека ги одржи во живот идеалите што Махатма Ганди ги постави – рече Мурму.

null

Сиљановска-Давкова, од своја страна, посочи дека е речиси невозможно да се резимираат животот на Ганди и неговиот огромен придонес за Индија и за светот во само неколку зборови. 

-​ Махатма Ганди – апостолот на ненасилството, на разбудената надеж за ненасилна борба за слобода, правда и човечко достоинство, како икона на антиколонијализмот, еманципацијата, граѓанските и политички права и движењата за нив и еднаквоста меѓу мажите и жените, Ганди стана инспирација за Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, Вацлав Хавел, Лех Валенса и многу други светски лидери – рече таа.

Претседателката посочи дека веројатно најважното наследство што го остави Ганди е идејата за ненасилно самоопределување како право на луѓето да одлучат за нивната судбина и иднина, но исто така и слобода, да си ги организираат животите во согласност со нивната сопствена волја.

– Оваа желба за слобода е вековен идеал на индискиот, но и на македонскиот народ. ​Може да се каже дека на 8 септември 1991 година, пред 35 години, слично на Гандиевиот принцип за ненасилно самоопределување, македонските граѓани и нивните избрани претставници, мирно, ненасилно ја доведоа нашата земја во независност надвор од југословенската федерација, која во тој момент насилно се распаѓаше – потенцира таа.

Сиљановска-Давкова потсети дека во 1948 година, годината кога таткото на модерна Индија го напушти овој свет, почна мисијата на мајката на милосрдието во Колката.

– Мајка Тереза е родена и израсната на само неколку стотини метри од тука, во микрокосмос на религиски, етнички и јазичен плурализам меѓу христијани, муслимани и Евреи. ​Тука, во нејзиното родно Скопје, научи како да ги почитува разликите и така се подготви за плурална, мултикултурна Индија. Тоа е уште една сличност помеѓу овие две големи души. ​Мисијата на Мајка Тереза ја следеше визијата на Ганди за Индија, заснована на ненасилство, религиски плурализам и социјална правда. Затоа нема посоодветно место од нејзиниот роден град да се удоми бистата на таткото на модерна Индија – заклучи претседателката.

null

Градоначалникот Ѓорѓиевски рече дека со откривањето на оваа биста оддаваме почит на човек чие име стана симбол на мирот, ненасилството, слободата и моралната храброст.

-​ Со поставувањето на бистата на Махатма Ганди, Скопје добива траен потсетник дека најголемите промени во светот почнуваат со почит кон човекот, со силата на вистината и со вербата дека дијалогот секогаш е посилен од поделбите. ​Овој чин има особено силна симболика токму овде во Скопје, градот во кој е родена света Мајка Тереза. Иако Махатма Ганди и Мајка Тереза својата мисија ја остварувале на разни начини, нивните животи ги поврзува една универзална порака: дека човечноста, љубовта, сочувството и несебичната грижа за другиот се најголемата сила што човекот ја поседува. Нивното наследство продолжува да инспирира милиони луѓе во светот и денес – рече тој.

Ѓорѓиевски потсети дека ​Скопје е град што ја знае вредноста на солидарноста. – Град кој по големата трагедија во 1963 година ја почувствува подадената рака од целиот свет и токму затоа длабоко ја разбира важноста на меѓусебната поддршка, почитта, пријателството меѓу народите. Затоа ова спомен-обележје природно станува дел од нашиот јавен простор како траен симбол на вредностите што нè обединуваат, а не на оние што нè разделуваат, посочи скопскиот градоначалник. 

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму се упатија кон Охрид, каде што ќе го посетат манастирскиот комплекс „Свети Наум“, како и манастири и цркви во стариот град на Охрид.

Вчера, на првиот ден од посетата на индиската претседателката, заедно со владината и бизнис-делегацијата, на средбата во Вила „Водно“ со Сиљановска-Давкова, ги потврдија пријателските односи, заедничките вредности и заемната почит меѓу Македонија и Индија. Вчера попладне се одржа и македонско-индиски бизнис-форум, на кој беа претставени можностите за инвестирање во земјата. 

Ова е прва посета на индиски претседател на државата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: