Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, но тој се повлече од процесот

Професор Лазар Јовески кој беше назначен за помирувач во случајот УЈП побарал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Професор Лазар Јовески кој беше назначен за помирувач во случајот УЈП побарал да биде изземен од процесот, затоа што не е во Македонија и не можел да го запази законскиот рок од три дена , за да го повика синдикатот. Во меѓувреме од УЈП чекаат да ги повика медијаторот , и се децидни, доколку не се најде решение ќе стапат во генерален штрајк,.  Од синдикатот објаснуваат , дека тие имаат поинаков колективен договор од останатите административци и целосен законски основ да имаат повисоки плати , кој не ги добиваат.

Сега е тој на потег, треба да не контактира , на која ќе направи средба . Во зависност од она што тој ќе утврди, ако се најде решение законско и во основа на колективен договор ќе биде во ред , ако не одлуката за штрајк е донесена и си стои како таква и откако ќе поминат сите процедури согласно закон , вели Васе Неданоски претседател на синдикат на УЈП

Вицепремиерот за економски прашања е оптимист дека ќе најдат решение и не очекувал дека ќе има генерален штрајк . Според него решението за целата администрација која бара покачување на платите лежи во системското решение за кое ќе се дискутира во четврток на економско социјалниот совет . Наместо одговор пак кога фунцкионерите ќе си ги намалат платите, Битиќи рече и за нив ќе важело тоа системско решение.

Реклама

Јас сум оптимист дека решение ќе се најде и дека мерката на генерален штрајк не би требало да се случи затоа што сметам дека тоа што вработените во Управата за јавни приходи, како и сите други вработени во јавниот сектор е достоинственост на работните места каде работат и платите кои ги добиваат. Ние сме подготвени да разговараме, изјави Битиќи.

Вработените во УЈП го кренаа гласот откако вработените во Министерството за финансии добија 30 отсто покачување и го бараат истото и за нив. Вицепремиерот повторно за ова посочи да имало автентично толкување во Собрание.

Кристина Алексиеска