Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места во градот се дели пакувана вода за пиење

– Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во Гостивар се очекуваат резултатите од анализите на надлежните институции за причината и појавата на зголемен број на заболени со стомачни тегоби. Од синоќа преку владините служби почна дистрибуција на вода за пиење, а кон акцијата се приклучуваат и поединци и компании. Според Ивица Томовски, директор на СОЗР, на дневно ниво во Гостивар ќе се делат по 50 илјади литри пакувана вода. Епидемиолозите вчера пријавија епидемија поради зголемениот број на лица што се пожалиле на здравствени тегоби.

Последната информација од Министерството за здравство е дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар.

Според информацијата, во периодот од 18 јули во 8 часот до 19 јули во 8 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;140 прегледи на Педијатриското одделение, од кои 105 нови и 35 контролни; девет прегледи на Ургентниот центар.

Реклама

– Клиничката слика кај најголемиот број пациенти е лесна, а бројот на хоспитализирани лица останува низок. Сепак, поради зголемениот број заболени во краток временски период, состојбата се третира како активен епидемиски настан и се спроведуваат сите потребни епидемиолошки, лабораториски и превентивни активности – наведуваат од МЗ.

По пријавувањето на епидемија ПЕ Центар за јавно здравје во Гостивар врши теренски увиди, епидемиолошки анкети и прибирање податоци од заболените. Досега се доставени речиси 140 формални пријави за заразна болест, кои се обработуваат од страна на епидемиолошките тимови на ЦЈЗ Тетово и Институтот за јавно здравје.

– Институтот за јавно здравје е вклучен во истражувањето со стручна и лабораториска поддршка, а заедничките тимови продолжуваат со анкетирање на заболените, анализа на можните заеднички изложувања и микробиолошко испитување на земените примероци – наведуваат од ресорното Министерство.

Според последните информации, во тек се епидемиолошко истражување и активно следење на новите случаи; микробиолошки испитувања на примероци од пациенти; испитувања на примероци од водата и процена на можните извори на зараза; надзор над водоснабдувањето и санитарно-хигиенските услови; координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и локалните институции.

За денеска е најавена прес конференција во владиниот прес-центар, на кој се очекува да бидат презентирани резултатите од испитувањата на водата од градскиот водовод и детали за случајот во Гостивар.