Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Се санираат последиците од невремето во штипската болница, главниот влез со изменет режим на движење

Поради извршување на градежни активности, отстранување на шутот од  кровната констукција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради извршување на градежни активности, отстранување на шутот од  кровната констукција и санирање на настанатата штета што го предизвика невремето на главниот влез на Клиничката болница – Штип денеска се врши пренасочување на возилата и пациентите, соопштија од здравствената установа. 

Од болницата информираат дека пренасочувањето на возилата и пациентите го спроведува чуварската служба, при што апелираат до сите посетители да ги почитуваат нејзините насоки за да се избегнат несакани ситуации.

Штетите се последица на силното невреме што го зафати Штип на 21 јули во попладневните часови, проследено со обилен дожд и оркански ветер со брзина до 134 километри на час, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Реклама

Најголема штета има на кровната конструкцијата на штипската Клиничка болница, лимот кој падна на паркингот и околу болницата е веднаш отсранет, но градежниот шут, кој остана на дел од објектот, како и околу болницата денеска се чисти и се изнесува.