Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Економија

Секојдневни критики за мерките на Владата: Таки Фити предупредува на инфлаторен шок и енормни цени по одмзрнувањето

Замрзнати цени никако не е мерка што е одлика на  пазарна економија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Замрзнати цени никако не е мерка што е одлика на  пазарна економија, и може да презивика спротивен ефект.  Академик Таки Фити, за Алфа објаснува дека ваков потег се прави само во исклучителни ситуации и мора да се внимава .  Фити предупредува дека замрзнувањето на цените може да предизвика инфлаторен шок и енормно поскапување на производите откако ќе бидат одмрзнати.

Реклама

Зошто е лоша мерка ? Затоа што обично тоа се враќа како бумеранг. Ако вие ги ограничите цените , ги лимитирате на определен временски период, кога тие ќе се одмрзнат условно да кажам едноставно ќе дојде до силен пораст на цените на производите чиишто цени биле замрзнати или плафонирани , зависи која каква мерка се употребува и тоа може да придонесе за понатамошно разгорување на инфлацијата дури. Ако опфати голем број на производи , гледате во кошничката на производи преку кои што ја мериме инфлацијата токму овие производи и цените што се замрзнуваат играат значајна улога , вели Академик Фити.

Против  потегот на Владата на нозе се крена целото стопанство, постојано алармираат дека мерката не е добра и ги калкулираат загубите . Според стопанските комори треба има да поинаков пристап за намалување на ценовниот притисок : Или да се отворат стоковите резерви , да се намали ДДВ- то или да има мерки кон ранливото население. За академик Фити, последното е најдобро решение.

Место да ги замрзнете цените, на оние луѓе кои се најзасегнати, кој се најзагрозени, кој се социјални категории треба да им давате пари за да можат да ги пребродат овие тешки моменти, додава Фити.

И додека ниту експертската јавност , ниту бизнисот не се согласува со мерката , Владата продолжува со популистичкиот пиар на замрзнати цени и ја  „крчка “ новата листа.  Според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши, до утре ќе знаеме кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени.

Бектеши се правда дека ја користеле мерката зошто во Собранието не се свикувала комисија за финансирање и буџет за да биде намалено ДДВ – то.

Последно, беше донесена одлука за замрзнување на цените на влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни, хигиенските влошки  – овие производи се замрзнуваат на 13 отсто поевтина цена од што била на 20-ти март . Претходно Владата го замрзна лебот, па тестенините, па млечните производи  како и јајцата и оризот. 

Кристина Алексиеска