Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Седници на пет собраниски комисии, на дневен ред законски измени за безбедноста во сообраќајот, образованието и работните ангажмани

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог на законот за изменување и дополнување на Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка. Со Предлог-законот се предвидува минимална возраст од 18 години за управување со „лесно електрично возило“ – мопеди, електрични тротинети и мотоцикл.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вчера на образложението на предлог-законот нагласи дека со законските измени се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20км/ч, согласно препораките на Европската унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила. Соопшти дека се заострува казнената политика за сторителите на прекршоците предвидени во законот, а во конкретни случаи покрај изречената глоба се предвидува и одземање на возилото – возење од малолетен возач, пречекорување на дозволена брзина, превезување на друго лице, возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена. 

Реклама

На Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за средното образование, и двата по скратена постапка. 

Како што вчера образложи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите, Катерина Димитровска, законските измени се во насока на спроведување на оптимизацијата на училишната мрежа и се утврдува прекршочна одговорност за родителот, односно старателот на ученик  сторител на насилство кој не соработува со училиштето во постапките за негово надминување, спречување и превенција. Со двата предлог-закони се предвидува изрекување на глоби во износ од 250 евра во денарска противвредност за родителот на ученикот кој е сторител на насилството за секое сторено насилство, како и доколку не соработува со училиштето. 

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работно ангажирање на лица, по скратена постапка. Со предложениот закон се очекува да се постигне подобар ефект во практичната примена на Законот за работно ангажирање на лица. Проширените можности за работно ангажирање ќе им овозможат на работодавачите во дејностите со изразен сезонски карактер, преку поедноставени рокови за пријавување, да ги намалат административните оптоварувања и да обезбедат поефикасно организирање на работните процеси. Дополнително, со предложените законски решенија се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор.

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за зоотехника, во второ читање е на дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.