Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка

– Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение – изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука.

– Не можам да ви одговорам сега бидејќи, како и во секој предмет, така и во овој, ќе се чека писмената верзија на пресудата. Целото образложение ќе се анализира и тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил Обвинителството со својата одлука и образложение или не – истакна државниот јевен обвинител.

Реклама

На забелешката дека Обвинителството вообичаено најавува жалба по ослободителни пресуди и дека дел од аргументите можеле да бидат слушнати и за време на усното образложение во судницата, Савески истакна дека лично не бил присутен на изрекувањето на пресудата.

Тој се осврна и на критиките од политички партии дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „Талир 2“ оценувајќи дека таквите тврдења не одговараат на фактите.

Според него, овластувањата што биле повлечени се однесувале на постапување обвинители во предмети за кои не биле надлежни во рамките на своето обвинителство, а Ристоска во конкретниот случај била надлежен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје.

– Токму овој предмет, доколку таа не поднесеше оставка, ќе беше во нејзино надлежно постапување. Во овој предмет моето повлекување на овластувањата никако не можеше да се смета дека имало последица да ѝ биде одземен предметот. Доколку останеше, таа ќе работеше на овој предмет – потенцира Савески.

Тој додаде дека јавноста треба да ја слушне и, како што рече, „оваа страна од вистината“ нагласувајќи дека одлуката на обвинителката Ристоска да поднесе оставка била нејзина лична одлука.