Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Ристов: Сметките за парно во Скопје од 1 август се зголемуваат за 5,96 проценти или за приближно 140 денари

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти – соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. 

На прес-конференцијата Ристов посочи дека со новата одлука,просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за речиси 140 денари, односно ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари.

– Ова зголемување се однесува на домаќинствата што се снабдуваат преку системите на „ЕСМ снабдување“, „ЕСМ дистрибуција“ и „ЕСМ производство на топлина“. За корисниците на поранешната „Топлана Скопје Север“, со која сега управува „Енерџи еколинк“, цената ќе биде повисока во просек за 3,6 проценти, а за потрошувачите што се снабдуваат преку „ЕСМ енергетика“ зголемувањето ќе изнесува околу пет проценти – рече Ристов.

Реклама

Одлуката, вели, е донесена по детални економски и технички анализи на работењето на компаниите што обезбедуваат топлинска енергија во Скопје. Ристов посочи дека енергетските компании барале зголемување на цените од 30 до дури 130 проценти, но Комисијата одлучила корекцијата да изнесува 5,96 проценти. 

Нагласи дека РКЕ ја поддржува иницијативата за обединување на сите компании на ЕСМ што работат во секторот за топлинска енергија, со цел поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за поповолни цени за потрошувачите.

Според анализите на Комисијата, жителите на Скопје, кои се греат на топлинска енергија, и понатаму имаат пониски годишни трошоци во споредба со корисниците во Белград, Љубљана, Софија и Сараево. Во изминатата грејна сезона на системот биле приклучени уште 1.521 нов корисник, со што вкупниот број потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија достигнал 67.494.